Top Sport

Пирло му станува тренер на Горан Пандев?

Откако Барселона дефинитивно се решија за својата легенда Чави како свој следен постојан тренер, Андреа Пирло испадна од комбинација и сега е прв фаворит да го замени Давиде Балардини во Џенова, тврдат италијанските медиуми.

Според „Калчомеркато“ и „Ла газета дело спорт“, Пирло бил кандидат за местото во Барселона, но клубот никогаш не контактирал со него, и сега ако не се оствари победа против Емполи, ќе го замени Балардини во тимот на Горан Пандев, кој има само една победа во 11 меча во Серија А и имаат освоено само осум поени.

Пирло беше отпуштен од својата прва тренерска работа во Јувентус по само една сезона, откако „бјанконерите“ ја загубија титулата по деветгодишна доминација и едвај се пласираа во топ 4.

Scroll to Top