Антонио Конте доцнеше еден час на својата прва прес-конференција како менаџер на Тотенхем, откако го продолжи тренингот на својот тим, по што јасно порача дека неговите фудбалери мора да бидат физички подобро подготвени и ментално посилни, а клубот треба да почне со визија.
Италијанецот е воодушевен од „најдобрите услови за тренинг и работа“ на светот кои ги има лондонскиот клуб, но дека фокусот треба да се сврти на работите кои се прават на теренот.
„Предизвикот е голем. Го познавам овој клуб долго време и знам дека нема освоено титули многу години, но тоа не се случува по еден, два дена или во еден или два месеци. Морате да имате физија. Клубот имаше фантастична визија надвор од теренот и сега треба да има визија и за фудбалот. Клубот има неверојатен стадион и тренинг-центар, сега е потребно време. Клубот ме избра и јас сум почестен, но знам колку е потребно да се сменат работите на теренот. Искрено, мораме да смениме многу работи“, вели Конте.
Познат по својата дисциплина и барањето за напорна работа, Конте имаше порака и за своите играчи.
„Мораме да се подобриме во многу аспекти. Сите фудбалери, не само еден или двајца. Секој мора да работи на својата физичка подготвеност за да ја разберат мојата идеја на фудбалот. Тактички и физички, мораат да бидат подготвени да страдаат“, додава Конте.
?"This is a big big challenge, I think this club has a great vision outside the pitch and we're starting to have a good vision on the pitch."
Antonio Conte needs time with Tottenham Hotspur and can see potential winners in them pic.twitter.com/OGB0uNKaqs
— Football Daily (@footballdaily) November 5, 2021