Top Sport

По „средбата“ со стативата, Тадиќ го има најјакиот гипс на светот

Српскиот напаѓач на Ајакс, Душан Тадиќ го постигна можеби „најболниот“ гол во историјата на Лигата на шампионите, кога директно со „јајцата напред“ израмни против Борусија Дортмунд во 71. минута од мечот.

Ајакс до крајот на мечот постигна уште два гола за 3:1 победа, а по мечот Тадиќ на Твитер објави фотографија од стативата со порака: „Ти посакувам брзо опоравување пријателу“.

При враќањето во Амстердам, пак, Тадиќ покажа дека има одлична смисла за хумор со неверојатниот гипс.

Scroll to Top