Top Sport

Луд фудбал во Турција – судијата означи крај, па по 10 минути ги врати играчите на терен

Турската Суперлига честопати ни носи бизарни, смешни и чудни ситуации, така што ниту сега не разочара, откако судијата Халис Озкахја успеа да ги врати фудбалерите на Газијантеп и Касимпаша на теренот 10 минути откако означи крај на мечот.

Газијантеп имаше 2:0 предност на мечот, кога Озкахја реши да покаже дека мечот ќе има 9 минути судиско продолжение. Но, тој веќе во 5. минута „отсвире“ крај. Десет минути подоцна, тој ги повика фудбалерите од соблекувалните за да доигра уште пет минути.

Scroll to Top