Во чест на Диего Армандо Марадона, Наполи, претпладнево претстави нова гарнитура на дресови. Дресовите со кои Наполи ќе ја напаѓа титулата во Серија А изгледаат спектакуларно.
Лидерот во Серија А, во соработка со спонзорот Армани, осмисли дрес со ликот на Ел Пибе, за многумина најдобриот фудбалер во историјата на Наполи. Марадона за Наполи играше од 1984 до 1991 година. Ел Пибе го предводеше Наполи до две шампионски титули во Серија А.
„Наполи сака да му одаде почит на Диего Армандо Марадона, кој беше симбол на својата ера. Марадона беше неприкосновена фудбалска икона. Поради тоа решивме да му посветиме дрес на овој голем човек“, соопшти Наполи.
Наполи, утре ќе ја пречека Верона во Серија А. Покрај на натпреварот со Верона, Наполи во овие дресови ќе ги носи и на натпреварите со Интер и Лацио.
По 11 кола во Серија А, Наполи и Милан ја предводат табелата со по 31 бод.