Новак Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Мастерс турнирот во Париз. Светскиот број 1, во драмтичното полу-финале го победи Хубеет Хуркач од Полска. Шоковиќ седми пат ќе игра финале во Париз. Ова ќе биде негово 54.финале на Мастерс турнирите, вкупно 123.во кариерата. Со пласманот во финалето, Ѓоковиќ го обезбеди првото место на АТП листата на крајот од годината.
Ѓоковиќ, по два часа и 17 минути, го победи Хуркач со 3/6, 6/0, 7/5. Србинот испиша историја на светскиот, седми пат во кариерата годината ќе ја заврши на првото место. Тој на вечната листа го мина својот идол Пит Сампрас.
Првиот сет го реши брејкот на Хуркач во осмиот гем. Во вториот Ѓоковиќ демонстрираше сила, сетот за израмнување на резултатот го освои со нула.
Решавачкиот сет донесе голема борба. Ѓоковиќ прв стигна до брејк, водеше со 4:1,но Хуркач успеа да се врати во седмиот гем, му го одзеде сервисот на противникот и потоа израмни на 4:4.
Ѓоковиќ имаше меч топка на сервис на Хуркач, во десеттиот гем, но не ја искористи.
Тај-брејкот беше исклучително драматичен, го реши една грешка на Хуркач во 11.поен.
Утре во финалето Ѓоковиќ ќе игра против Александар Зверев или Данил Медведев.