Top Sport

„Мечето“ стигна до прва УФЦ победа, направи салто и ги воодушеви ММА фановите

Крис Барнет (35) попознат како „мечето“ на спектакуларен начин стигна до својата прва УФЦ победа. Беше поуспешен од Гиан Виланте на УФЦ 268 ивентот во Њујорк.

Барнет го погоди противникот со нога, го сруши и тука до „доврши“, па стигна до својата 22 победа во кариерата, прва во УФЦ.

„Мечето“ мора да намали од својата тежина ако сака да е конкурентен во оваа категорија. Има 175 сантиметри и над 130 килограми.

Тој на крајот на борбата победата ја прослави со салто во воздух со што ги воодушеви ММА фановите.

Scroll to Top