Top Sport

Вестбрук „фрлаше цигли“ против Портланд

Расел Вестбрук ги разочара фановите на ЛА Лејкерс. Тој е доведен кај „езерџиите“ за да го „влече“ тимот кога во составот ги нема Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, ама во оваа улога не се снајде синоќа на дуелот против Портланд кој неговиот тим го загуби со 15 поени разлика (105-90).

За 29 минути на паркетот, Вестбрук имаше шут 1/13.

Уфрли една тројка од 3 обиди, но не се прослави со шутот за 2 поени. Мечот го заврши со 8 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Проблематично е што имаше и 6 загубени топки.

Scroll to Top