Top Sport

Нејмар го сруши Бордо, а головите ги посвети на загината бразилска пејачка

ПСЖ во рамки на 13-тото коло од француската Лига 1 запиша гостински триумф кај Бордо со резултат 3-2.

Мечот го одбележа Бразилецот Нејмар. Освен што постигна два гола, тој погодоците и ги посвети на популарната бразилска пејачка Марили Мендока која во петокот загина при пад на авион.

Нејмар го доведе својот клуб во водство во 26 минута, по додавање на Мбапе. Тогаш истрча до камерата, го подигна дресот и ја покажа маицата на која пишува: „Секогаш ќе бидам твој фан. Почивај во мир, ММ“.


ПСЖ во 43 минута ја зголеми предноста. Повторно стрелец Нејмар на асистенција на Мбапе.

Килијан по двете успешни додавања, во 63 минута и самиот се запиша во листата на стрелците.

Алберт Елис во 78 минута намали на 1-3, а конечниот резултат го постави Мбае Нијанг во судиското надополнување на мечот.

Инаку, 29-годишниот Нејмар синоќа ги постигна 400. и 401. гол во кариерата. 90 гола има постигнато за ПСЖ, 136 за Сантос, 105 за Барселона и 70 за Бразил.

Scroll to Top