Top Sport

Фјури до „ѓаволите“: Ќе дојдам на тренинг и ќе ве натепам!

Светскиот боксерски шампион во ВБЦ верзијата Тајсон Фјури кој е голем навивач на Манчестер Јунајтед по вчерашниот пораз на „ѓаволите“ од Сити им испрати порака на фудбалерите:

„Апсолутно се исчистени од теренот, затоа што играчите не почитуваат. Ми се чини дека не `копаа длабоко` за да остварат победа. Кога паднав на под против Вајлдер никогаш не помислив дека ќе го загубам мечот, верував дека ќе се вратам и ќе победам. Тоа се вика менталитет на победник. Неколку минати мечеви, вие момци немате срце. Ќе ви дојдеме со Патрис Евра на тренинг и ќе ве натепаме. Подгответе се“ рече Тајсон Фјури.

Scroll to Top