Лондонски Вест Хем попладнево со 3-2 го совлада тимот на Ливерпул и го прескокна на табелата во англиската Премиерлига.
Пулените на Јирген Клоп играа добро во првото, но сосема потфрлија во второто полувреме.
„Чеканите“ досега имаат одлична сезона, трети се на табелата со 23 бода.
Ливерпул имаше лош почеток на мечот, по четири минути игра голманот Алисон си постигна автогол.
Сепак „црвените“ преку Александер Арнолд во 41 минута ја вратија резултатската рамнотежа.
Во второто полувреме најпрво Форналс во 67., а потоа и Курт Зума во 74. минута погодија за добра предност во завршницата.
Ливерпул до крајот единствено успеа да го ублажи поразот, преку Дивок Ориги во 83 минута за конечните 3-2.
Ливерпул денеска го доживеа првиот сезонски пораз во ПЛ.