Top Sport

Кенијска доминација на маратонот во Њујорк

Кенија е апсолутен победник на маратонот во Њујорк. Алберт Корир победи во машка, а Перес Џепчичир во женска конкуренција.

Корир победи со време од 2 часа, 8 минути и 22 секунди, втор со 44 секунди послабо време беше Мароканецот Мохамед Реда Ел Араби. Третото место му припадна на Ејоф Фаниел од Италија.

Корир, во 2019 година, беше втор на маратонот во Њујорк. Ел Араби е првиот Мароканец по 2009 година кој успеал да се пласира меѓу најдобрите тројца.

Кај дамите, Перес Џепчичир победи со време 2 часа, 22 минути и 39 секунди. Нејзината сонародничка Виола Чепту го освои второто место, трета беше Абедел Јешане од Етиопија.

На маратонот во Њујорк учествуваа 30.000 тркачи.

Scroll to Top