Top Sport

На „Олд Трафорд“ имаат бесконечна доверба во Солскјер

Оле Гунар Солскјер ќе ја „преживее“ и интернационалната пауза и ќе остане на чело на Манчестер јунајтед барем до Божиќ, тврди „ЕСПН“, и покрај тоа што Норвежанецот останува под голем притисок да направи пресврт во формата на „ѓаволите“.

48-годишниот Норвежанец зборувал со извршниот потпретседател на клубот Ед Вудворд по деморализирачкиот 0:2 пораз од Манчестер сити, но сите „сигнали“ од клубот велат дека нема најава за негов отказ.

Јунајтед има шест порази во последните 12 мечеви, но Солскјер добил порака да се фокусира на следниот меч, гостувањето на „Викариџ роуд“ кај Вотфорд на 20 ноември и тој бил оптимист дека лошата форма може да се надмине. Следната голема пауза за натпревари по 20 ноември е во средината на декември, така што тешко е да се верува дека во клубот ќе се решат за отказ освен ако нема драстично слаби резултати, и дека главната цел останува пласман во Лигата на шампионите, односно топ 4 пласман – Јунајтед се на шестото место на табелата со 9 поени зад лидерот Челси и 5 поени зад топ 4.

Оваа одлука на управата доаѓа во моменти во кои покрај незадоволството на навивачите, во англиските медиуми се зборува и за бунт на играчите, предводен од Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо.

Јунајтед ја одбија можноста да го повикаат Антонио Конте, кој сега е нов тренер на Тотенхем, а исто така ги демантираа и вестите дека се во контакт со Брендан Роџерс од Лестер. Роџерс би бил потенцијален избор, но дури на крајот на сезоната, исто како тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг, о и Маурисио Почетино од ПСЖ.

Бруно го предводел бунтот против Солскјер

Scroll to Top