Хакан Чалханоглу доби сличен прием како Џиџио Донарума од навивачите на Милан на вчерашното градско дерби со Интер, а многумина го обвинуваат дека покажал непочитување кон неговиот довчерашен клуб со начинот на прославата на голот од пенал.
Двајцата фудбалери си заминаа во текот на летото од Милан како слободни играчи, и додека кај Донарума навивачите гледаа само „глад“ за пари и го исвиркаа на мечот на италијанската репрезентација, Чалханоглу пристигна на „Сан Сиро“ вчера во „црно-синиот“ дрес и беше мета на постојани навреди од Курва Суд.
„Јас сум Хакан, јас сум Интер“, напиша Чалханоглу на социјалните мрежи денеска, продолжувајќи ја војната на зборови.
Алесандро Флоренци, кој е во Милан на позајмица, истрча на теренот по неговата прослава зборувајќи му на турскиот репрезентативец, додека поранешниот фудбалер на Јувентус, Алесио Такинарди сметаше дека се работи за големо непочитување кон поранешниот клуб.
Сепак, најдобар коментар даде Злата Ибрахимовиќ.
„Како ја коментирам прославата на Хакан Чалханогу? Не го познавам тој играч, а никогаш не ги коментирам фудбалерите на Интер“, вели Златан.
? Florenzi went onto the pitch after Calhanoglu cupped his ears towards the #ACMilan fans.
❤️?
— SempreMilan (@SempreMilanCom) November 8, 2021