Челниците на Јувентус, по освојувањето на седмата титула по ред во Серија А, во овој преоден рок подготвуваат мала реконструкција на екипата. Во сенка на пишувањата дека Јувентус на Интер му го понудил Гонзало Игаин и пари за Мауро Икарди, челниците на „старата дама“ го реализираа првиот трансфер.
Нов играч на Јувентус е италијанскиот репрезентативец Матео Дармијан. Поранешниот играч на Торино изминатите три сезони играше за Манчестер јунајтед.
Јувентус за услугите на дефанзивецот ќе плати 12 милиони евра, а Дармијан ќе потпише петгодишен договор.
Дармијан има 28 години и може да игра на левата и десната бековска позиција.