Фелипе Кутињо негира дека одбил да влезе во игра на натпреварот против Селта во Виго.
Бразилецот, во саботата, на некој од клупата му рекол дека нема потреба да брза бидејќи судијата ќе означи крај на првиот дел. Серхи Бархуан сакаше да го внесе Кутињо на теренот на местото на повредениот Ансу Фати.
„Бев изненаден кога прочитав што пишуваат медиумите. Сум одбил да влезам во игра.Тоа не е точно, во текот на целата моја кариера сум голем професионалец. Новинарите некогаш пишуваат лаги“, рекол Кутињо.
Интересно, на почетокот на вториот дел на местото на Фати, не влезе Кутињо, туку тинејџерот Балде.