Top Sport

Јанис блескаше во Филаделфија, Клиперси ја продолжија победничката серија

Три натпревари се одиграа во НБА лигата. Победија Милвоки Бакс, ЛА Клиперс и Јута Џез.

Актуелните шампиони, Милвоки, славеа во Филаделфија 119:108. Без Херис и Ембид, Филаделфија не успеа да им се спротивстави на Милвоки и покрај тоа што во вториот период имаа предност од 13 поени.

Јанис Адетокумбо со 31 поен и 16 скока, односно Грејсон Ален со 25 поен го предводеа Милвоки, додека кај Филаделфија се истакна Тајрон Микси со 31 поен.

ЛА Клиперс против Портланд (117:109) ја продолжија успешната серија. Клиперс сезоната ја започнаа со една победа и четири порази, со петтата победа по ред сега се на скор 6-4. Пол Џорџ, Реџи Џексон и Николас Батум блеска кај Клиперс. Овие тројца постигнаа 24, 23, односно 22 поени.

Кај Портланд се истакнаа Демијан Лилард со 27, Норман Пауел со 23 и Јусуф Нуркиќ со 15 поени, 13 скока и шест асистенции.

Јута забележаа уште една лесна победа над Атланта Хокс. Пред неколку дена Јута победи 116:98, а изминатата ноќ резултатот беше сличен (110:98). Осум победи и три порази има Јута на втората позиција на Западот.

Донован Мичел постигна 27, а Бојан Богдановиќ 18 поени.

Scroll to Top