Сампдорија, еден од култните клубови во Серија А, се наоѓа во сериозна криза. Цехот за седумте порази во првите 12.кола, веројатно ќе го плати тренерот Роберто Д’Аверса. „Спортклуб“, тврди дека Сампдорија испратиле сериозна понуда до тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ.
Сампдорија и во летниот преоден рок беа заинтересирани за Станковиќ, но тој тогаш ја одби нивната понуда. Ситуацијата сега е поинаква, „Спортклуб“, објави дека Станковиќ ќе се врати во Италија.
Д’Аверса ќе добие уште една шанса. По репрезентативната пауза, Сампдорија ќе мора да ја победи Салернитана, во спротивно ќе добие отказ.
Станковиќ има договор со Црвена звезда и во наредните 18 месеци. Конкретната понуда од Сампдорија ги мобилизирала челниците на српскиот шампион. Тие ќе ги ќе преземат сите мерки за да го задржат тренерот и да ги зацврстат неговите позиции во клубот.