Мајкл Фицпатрик, навивачот на Евертон кој се обиде да нападне фудбалер на Лион при мешаницата во дуелот од Лигата на Европа со своето тригодишно дете во рацете, доби осум недели затвор.
Шокантните сцени на „Гудисон парк“ почнаа кога Ешли Вилијамс го турна голманот Антони Лопес во рекламните паноа при 2:1 поразот на „карамелите“, по што дваесетина фудбалери почнаа со турканиците, а Фицпатрик се обиде да го утри Лопес.
30-годишниот Фицпатрик веќе следниот ден по инцидентот призна дека е „засрамен“ од неговото однесување, но судот во Бутл, реши тој да добие осум недели затвор, како и шестгодишна суспензија од присуство на било кои фудбалски случувања.
Евертон доби казна од 30.000 евра за инцидентот.
Everton ‘fans’ attacking Lyon players after Ashley Williams shove on keeper! #EVELYO #UEL pic.twitter.com/aF7YGJP0Zy
— Daniel Platt (@DanPlatt_) October 19, 2017