Каролине Вознијацки покажа дека е една од фаворитките за титула на Ролан Гарос, откако експресно влезе во четвртото коло на Ролан Гарос со брутална 6:0/6:3 победа над Полин Парментие, додека Украинката Елина Свитолина повторно потфрли на големата сцена.
Пред полупразните трибини на „Филип Шартие“, данската втора носителка и дозволи на Парментие само шест поени во првиот сет, од кои четири на грешки на Данката. Парментие, конечно освои три гема во вториот сет, откако ги загуби првите 11. Следна за Вознијацки е Русинката Дарја Касаткина.
Украинката Елина Свитолина повторно не успеа да направи гренд слем успех, откако загуби со 6:3/7:5 од Романката Михаела Бузареску.
Свитолина, која последните две години ја освојува титулата на Мастерсот во Рим, повторно разочара во Париз. Пред 12 месеци таа водеше со сет предност и со 5:1 во вториот во четврт-финалето против Симона Халеп, дозволувајќи и на Романката да стигне до победа.
„Јас не се сметав за фаворитка. Има многу подобри тенисерки на земја од мене. Верував дека можам да направам нешто, но повторно не успеав. Не можев да го играм мојот тенис и затоа Михаела ја заслужи победата“, изјави Свитолина.
Фото: ЕПА