Top Sport

Кристенсен: Не знам каде ќе играм наредната сезона

Андреас Кристенсен, не е загрижен што се уште не го продолжил договорот со Челси. Признава дека не знае каде ќе игра наредната сезона.

Челси, во август, ги отворија преговорите со данскиот репрезентативец. Неговиот менаџер ја одби понудата, Кристенсен да добие неделна плата од 140.000 фунти. Менаџерот на сака да биде меѓу најмалку платените играчи меѓу стартерите.

Кристенсен е стандарден во поставата на Томас Тухел. Интересно, на последните 55 натпревари кои ги одиграл за Челси и Данска, неговата екипа на 44 не примила гол.

„Искрено не размислувам за новиот договор. Знам дека тренерите веруваат во мене, среќен сум поради тоа. Каде ќе играм наредната сезона, навистина не знам. Би сакал тоа да биде Челси, но јас тука најмалку се прашувам“, рекол Кристенсен.

Scroll to Top