Марцело Брозовиќ и Интер никако не можат да ги усогласат ставовите околу новиот договор. „Газата дело Спорт“, тврди дека Интер полека го губи трпението, поради што му поставиле ултиматум на фудбалерот. Брозовиќ има два месеци да го потпише новиот договор, во спротивно на крајот од сезоната ќе мора да го напушти клубот.
Интер и Брозовиќ не можат да се договорат околу платата. Интер не можат да му понудат повеќе од 5,5 милиони евра по сезоната, додека Брозовиќ долната граница ја поставил на 6,5 милиони евра.
И доколку не го продолжи договорот, Интер нема намера да го продаде Брозовиќ во зимскиот преоден рок. Намерата е јасна, Хрватот е еден од клучните играчи во тимот на Симоне Инзаги.
Неколку клубови ПСЖ, Тотенхем, Њукасл, Атлетико Мадрид ја чекаат разврската од преговорите.