Марк Гасол би можел да се врати во Барселона. Тим менаџерот на кошаркарската секција на „Балуграна“, Хуан Карлос Наваро, потврдил дека клубот преговара со искусниот играч.
„Преговараме со Гасол, договор се уште не сме постигнале. Тој знае за нашиот интерес, ние сме подготвени да му понудиме договор. Сепак тој го има последниот збор. Нема да лажам и тој сака да дојде кај нас“, рекол Наваро.
Марк Гасол, НБА шампион со Торонто Репторс, минатата сезона играше во Лос Анџелес Лејекрс. Неговиот постар брат, Пау, во дресот на Барселона ја заврши кариерата.