Лоренцо Инсиње – капитенот на Наполи, еден од најдобрите играчи во клубот од „Диего Марадона“ стадионот, клупскиот колега на нашиот Елиф Елмас одбил да потпише нов договор со клубот.
Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, Наполи му понудиле двојно помала плата од онаа што ја има до сега и на тој начин го натерале да побара нова средина.
Истиот извор тврди дека наводно италијанскиот фудбалски репрезентативец се договорил за преселба во тимот на Интер.
„Нероазурите“ наводно му нудат 6 милиони евра по сезона и 7 милиони евра за трансфер во „градот на модата“.
Трансферот би можело да се реализира уште во јануари, а на тој начин Наполи би добиле барем дел од неговата вредност затоа што на лето тој може да си оди како слободен играч.
NA MESA!???⚫️
Inter de Milão faz proposta a Lorenzo Insigne, que está em reta final de contrato com o Napoli, diz jornal #lancenethttps://t.co/Zj0MXjUNYB pic.twitter.com/NYWMuAqFaz
— LANCE! (@lancenet) November 10, 2021