Емре Џан веќе ги договорил условите со Јувентус и ќе потпише договор по медицинскиот тест следната недела, додека ситуацијата со Матео Дармијан не е јасна, јавуваат италијанските медиуми.
Според „Скај спорт Италија“, поранешниот играч на Ливерпул се согласил за деталите како слободен агент, откако му заврши договорот со премиерлигашот. Сумата засега не се споменува.
Преговорите со Манчестер јунајтед околу Матео Дармијан продолжуваат бидејќи англискиот клуб бара 20 милиони евра, а Јувентус остануваат на понудата од 12 милиони.