Top Sport

Сари и Челси дефинитивно не се договорија

Италијанските медиуми тврдат дека Маурицио Сари на најблиските соработници им соопштил дека нема ништо од потенцијалниот трансфер во Челси.

Според „Калчо Наполи“, Сари признал на своите пријатели дека преговорите со премиерлигашот се дефинитивно откажани.

Ситуацијата е неизвесна бидејќи иако Сари веќе беше заменет со  Карло Анчелоти, во Италија менаџерите остануваат под договор со својот стар тим. Токму затоа, Челси би морал да плати откупна клаузула од 8 милиони евра на Наполи за да ги обезбеди услугите на Италијанецот.

„Сари има договор до 30 јуни 2019 година, а Наполи веќе ги предупреди сите заинтересирани клубови дека Сари уште зема плата од нашиот клуб. Нема клаузули за раскин на договорот“, се вели во официјалното соопштение на Наполи.

Ова доаѓа откако агентот на Сари, Алесандро Пелегрини на прашање на „Спортиталија“ одговори со: „Не знам кои се Челси, дали се тие фудбалски клуб?“.

Антонио Конте уште има договор со Челси, но и таму има неизвеснот бидејќи Роман Абрамович не доби британска виза и ги откажа плановите за обнова на нивниот стадион.

Фото: ЕПА

Scroll to Top