Грузискиот талент Хвича Кваратскелија даде два гола за неговата репрезентација да стигне до сензационална 2:0 победа над лидерите во групата Б, Шведска, за кои стартер беше ветеранот Златан Ибрахимовиќ.
Поразот ги оддалечува Швеѓаните од директен пласман на Мундијалот, бидејќи сега, со победа над Грција, Шпанија може да го преземе првото место, а потоа да ги пречека „трите круни“ во последниот меч од квалификациите.
Русите, пак, стигнаа чекор поблиску до првото место во групата Х пред Хрватска, откако со 6:0 го декласираа Кипар. Доколку „коцкестите“ ја победат Малта вечерва, потоа ќе мораат да ја совладаат и Русија во директен дуел за првото место.
КВАЛИФИКАЦИИ СП 2022
ГРУПА Б
Грузија – Шведска 2:0
ГРУПА Х
Русија – Кипар 6:0