Динамо Загреб се зацврсти на првото место во хрватската лига откако со 3:1 го совладаа актуелниот шампион Риека во интересен меч на „Максимир“.
Мечот не започна добро за „модрите“, откако Риека по само осум минути игра дојде до водство преку Максвел Акости од Гана, но пред крајот на полувремето Динамо успеа да израмни преку голот на 19-годишниот Никола Моро.
Во второто коло на сцена стапи најдобриот напаѓач на тимот од Загреб, Алжирецот Ел Араби Судани, кој со два гола во 49. и 79. минута ја запечати победата на Динамо. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми одигра 79. минути, кога беше сменет од Чилеанецот Енрикез.
По 13 кола во хрватското првенство, Динамо сега има 31 поен (9 победи и 4 ремија), шест повеќе од Риека на второто место и седум пред Хајдук, кој е трет.