Top Sport

Несторовски со два гола за прво место за Палермо

Македонската „гол машина“, Илија Несторовски останува клучниот играч на тимот на Палермо, откако со два гола му донесе 2:0 победа на тимот над Ентела и го искачи тимот од Сицилија на првото место во Серија Б.

Несторовски, кој ги одби другите понуди за да остане во Палермо по испаѓањето од Серија А, прво „заби“ од пенал во 23. минута, за во 48. минута од мечот да постигне фантастичен гол од слободен удар за потврда на победата.

Во девет натпревари во кои играл оваа сезона, Несторовски има осум гола. Вториот наш репрезентативец во Палермо, Александар Трајковски го замени Несторовски во 88. минута.

По 12 кола во италијанската втора лига, Палермо се искачи на првото место со 21 поен, еден повеќе од Емполи, кој загуби со 2:1 на гостувањето кај Салернитана.

Scroll to Top