Португалија освои бод во Даблин, против Република Ирска, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Во А-групата, Португалија и Србија. во директен дуел ќе решата кој ќе го освои првото место. За пласман во Катар, на Португалците ќе им биде доволен и еден бод. Мечот со Србија ќе го одиграат во недела.
Португалците не блескаа во Даблин. Ја исполнија целта да останат непоразени. Во сивилито на Португалците се вклопи и Кристијано Роналдо. Не реализираше една шанса и имаше еден лош обид од слободен удар да се закани кон голот на Ирска.
По мечот Роналдо на теренот имаше „средба“ со едно девојче. Во солзи девојчето го прегрна својот идол, а Роналдо и го подари дресот. Претходно, тој одби да го смени дресот со голманот на ирската репрезентација.
Cristiano Ronaldo gives his shirt to a young emotional fan who invades the pitch at full-time ? ? pic.twitter.com/mvLorZttPP
— Football Daily (@footballdaily) November 11, 2021