Манчестер сити без тренинг и тактичка подготовка го добиле градското дерби, против Манчестер јунајтед. Минатиот викенд, Сити со леснотија славеа победа 2:0, на теренот на противникот.
Кевин Де Брујне, открил дека за натпреварот со „црвените ѓаволи“, Пеп Гвардиола ги подготвувал само 10 минути.
„Вообичаено ден пред секој натпревар имаме тактички тренинг. Пред мечот со Јунајтед, Пеп рече: „Не знаеме како тие ќе играат, ќе видиме“. И престанавме да тренираме по само 10 минути“, рекол Де Брујне и дополнил.
„Пеп најчесто знае како ќе игра противникот. Овој пат не знаеше, поради тоа и не знаеше како да не подготви. Пеп не знаеше дали ќе играат со четворица или петмина во задната линија, дали ќе игра „ромб“ во редот за врска или со тројца напаѓачи“.
Дербито Сити го реши во првото полувреме со авто-голот на Баи и голот на Бернардо Силва.