Армани Олимпија Милано на доминантен начин стигна до уште една победа во Евролигата, откако по неверојатната прва четвртина стигнаа до 68:43 победа над Фенербахче во Истанбул.
Турскиот клуб, кој пред овој меч имаше две победи во три домашни мечеви, во првата четвртина даде само 3 поени, додека гостите постигнаа 22, за на крајот на мечот да завршат со 43 поени, најмалку за нив во историјата на Евролигата. Ова беше прекин на низата од три победи за тимот на Саша Ѓорѓевиќ, кој сега има 3-6 скор.
Николо Мели во првата посета на Истанбул по заминувањето од Фенер во 2018, ги постигна своите шест поени во првите шест минути игра, а имаше и 6 украдени топки и 6 скока. Шејвон Шилдс имаше 13 поени за Олимпија, додека уште еден поранешен играч на Фенер, Луиџи Датоме уфрли 11 поени. Милано сега има 8-1 скор во Евролигата и совршени 7-0 во италијанската ЛБА Серија А.
ЕВРОЛИГА, 9.КОЛО
Зенит Санкт Петерсбург – Олимпијакос 84:78 (25:22, 24:21, 9:14, 26:21)
Фенербахче – Олимпија Милано 43:68 (3:22, 17: 15, 9:25, 14:6)