Top Sport

Хамилтон на пол-позиција за спринтот во Интерлагос

Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата за утрешната спринтерска трка на Интерлагос покрај Сао Пауло, откако повторно беше побрз од својот ривал за титулата, Макс Ферстапен, додека во вториот ред ќе стартува Валтери Ботас во вториот Мерцедес, и Серхио Перез во вториот Ред бул.

Утре ќе се вози третата и последна спринтерска трка во експериментот кој го изведува ФИА оваа сезона, во трка од 24 круга во која само првите тројца ќе добијат поени. Хамилтон утре ќе стартува од првата позиција, меѓутоа во недела ќе стартува пет места подолу од пласманот кој ќе го оствари на спринтерската трка, бидејќи Мерцедес решија по петти пат да го сменат нивниот мотор.

Ферстапен, инаку, има 19 поени предност пред Хамилтон во генерален пласман на само четири трки до крајот на сезоната.

Scroll to Top