Top Sport

Дејвис: Не сме шампионски тим, ова е срамота!

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис беше разочаран по уште еден пораз на неговата екипа. Овојпат во „Стејплс центар“ славеше Минесота, со резултат 107-83.

Посебно лоша беше третата четвртина кога „волците“ славеа со 40-12 во своја полза.

„Бевме баш лоши. Без одбрана. Не можевме до поени. Не беше проблемот само во третата четвртина. Бавни сме кога ќе излеземе на терен, недоволно добри и во офанзива и во дефанзива“ вели Дејвис.

Тој го заврши мечот со 22 поени, 8 скока и 2 блокади.

„Мораме да одлучиме што сакаме. Ова е шампионски тим? Моментно не сме. Мора да сме подобри, да победуваме дома. Генерално да победуваме. Ова е срамота“ смета тој.

Лејкерси се моментно на седмата позиција во Западната конференција.

Scroll to Top