Возачот на Прамака, Хорхе Мартин од пол позицијата ќе ја стартува утрешната трка за Големата награда на Валенсија во Мото ГП шампионатот.
Шпанскиот мотоциклист четвртипат во кариерата се наоѓа на оваа позиција во „кралската класа“. Неговиот резултат беше 1:29.936.
Голема борба водеше со Франческо Бањаја. Возачот на Дукати имаше време 1:30.00, додека третопласиран беше Џек Милер со време 1:30.325.
Во вториот старт стартен ред се најдоа Жоан Мир, Жаон Зарко и Алекс Ринс.
Зад нив се Бред Биндер, новиот шампион Фабио Квартараро и Такаки Накагами.
Легендарниот Валентино Роси последната трка во кариерата ќе ја стартува од 10-тата позиција.
Трката започнува утре од 14 часот.