Фудбалската репрезентација на БиХ доживеа тежок пораз во Зеница – со 3-1 победа извојуваше селекцијата на Финска.
Со ова фудбалерите предводени од селекторот Петев ги загубија шансите за бараж кој би ги одвел на СП во Катар идната година.
Уште во 25 минута гостите имаа можност да го отворат резултатот, но Тимо Пуки промаши пенал. Сепак Финска го отвори резултатот. Токму Пуки беше асистентот, а Форс во 29 минута погоди за 0-1 на „Билино поље“.
Гостите имаа хендикеп веднаш потоа затоа што Раитала во 37 минута доби директен црвен картон.
Сепак, средниот ред на фудбалерите на БиХ денеска не функционираше, пред се незабележителен на теренот беше капитенот Миралем Пјаниќ кој ја напушти играта во 66 минута, а од гледалиштето беше испратен со свирежи.
Претходно, во 51 минута Финска со голот на Лод стигна до предност од 2-0.
Се играше 69 минута кога домашните барем за момент се вратија во игра, стрелец Менало кој влезе во игра само две минути претходно.
Студен туш во Зеница во 73 минута. Иако во очигледен офсајд, О`Шонеси ја тресе мрежата на Сехиќ по една нафрлена топка за конечни 1-3.
Со овој пораз БиХ комплетно ги загуби шансите за второто место во групата Д кое носи во бараж. Босанците им направија услуга на Укранците кои за три дена се нивни гости и со победа можат да дојдат до толку посакуваното место во баражот.
Иако Финска во моментов со 11 бода има два повеќе од Украина, сепак тие во последното коло ја пречекуваат фаворизираната селекција на Франција која мора да победи во Финска за сигурен пласман во Катар.