Top Sport

Пол-позицијата за Роси, Маркез ќе стартува од шестото место

Миленикот на Италија, Валентино Роси, ја освои пол-позицијата, пред утрешната трка во „кралската класа“, во Мото ГП шампионатот. До својата 65.пол-позиција во кариерата, 55.во „кралската класа“, популарниот „Доктор“ дојде со време 1:46.208 минути.

Возачот на Јамаха, последен пат ја освоил пол-позицијата на оваа патека пред две години. Исто така ова е прв пат по Големата награда на Јапонија во 2016 година, легендарниот возач да биде најбрз во квалификациите.

Трката од првиот стартен ред, покрај Роси, ќе ја започнат неговиот поранешен колега од Јамаха сега возач на Дукати, Хорхе Лоренцо и сегашниот тимски партер на Италијанецот, Маверик Вињалес.

Четврто најдобро време забележа Андреа Јаноне, зад него се пласира уште еден италијански возач Данило Петручи. Лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез, ќе стартува од шестата позиција.

Третиот и четвртиот ред на стартот го формираа Довициозо, Крачлоу, Зарко, Ринс, Милер и Морбидели.

Шестата трка во сезоната во „кралската класа“ ќе се вози утре со почеток во 14 часот.

Scroll to Top