Top Sport

Хаос во Женева, му се „стемни“ на капитенот на Турција (Видео)

Турција и Тунис, ремизираа 2-2, во пријателски натпревар во Женева, а натпреварот го обележа хаосот што се случи во второто полувреме, кога капитенот на Турција, Ченк Тосун, тргна да се пресмета со навивачите.

Според турските медиуми, на делот од трибините каде што се наоѓале таткото и чичкото на Тосун, бил фрлен некаков предмет. Напаѓачот, тогаш, полудел и тргнал да се пресмета со навивачите на Тунис. Дури и се заканувал дека ќе ги заколе сите. Сиограчите со многу мака успеале да го смират својот капитен.

Откако ситуацијата била ставена под контрола, швајцарскиот судија Федај Сан, на напаѓачот на Евертон и турската селекција, му покажал директен црвен картон.

Scroll to Top