Макс Холовеј и Јаир Родригез имаа апсолутно неверојатна УФЦ борба во Лас Вегас во саботата, во која двајцата завршија со крвави лица, додека Холовеј стигна до победа на поени (49:46, 48:47, 48:47) во еден од најдобрите мечеви оваа година, во која двајцата фајтери во перо категорија покажаа дека имаат срце на воини.
„Ако сакате да бидете најдобар, тогаш мора да го победите најдобриот, а тоа сум јас бејби“, изјави Холовеј по мечот, по кој двајцата фајтери завршија во болница.
Холовеј имаше повеќе „значајни“ удари од Родригез (230-159), а комбинираните 389 удари го поставуваат мечот на третото место на вечната листа на УФЦ. Холовеј исто така стана првиот УФЦ фајтер кој упатил над 3.000 удари во кариерата, и останува единствениот УФЦ фајтер кој во 25 меча ниту еденаш не бил во нокдау.
Холовеј ја имаше УФЦ титулата во перо категорија од 2017 до 2019 година, пред да биде поразен од Александер Волкановски, негов следен можен противник, иако шпекулациите велат дека е можен и дуел со Конор Мекгрегор.