Паузата на Конор Мекгрегор поради скршеницата на ногата е пред крај, а очигледно Ирецот има пожелен противник во следниот меч – Макс Холовеј, кој вчера вечер имаше спектакуларна победа над Јаир Родригез и токму „Ноториус“ може да е неговиот следен противник.
Конор одеше пред својот телевизор и глумеше дека е подготвен да се пресмета со Холовеј. Мекгрегор пред осум години го победи Холовеј на поени, по што ја освои титулата во перо категорија, а потоа и во лесна категорија.
Сепак, според претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, Александер Волкановски, Австралиецот со македонско потекло и носител на титулата во перо категорија е пожелниот противник.
„Не знам кој ќе биде следниот противник, но многу смисла има меч против Волкановски. Конор уште е повреден, така што нема што да зборуваме“, вели Вајт.
Conor just staring Holloway down… ? #UFCVegas42
(via @TheNotoriousMMA) pic.twitter.com/ezAsrHX8n4
— ESPN MMA (@espnmma) November 14, 2021
Холовеј го доби Родригез во најкрвавиот УФЦ меч, следен е Волкановски?