Џанлуиџи Донарума признава дека неговата „битка“ со Кејлор Навас за стартната позиција во тимот на Пари Сен-Жермен го „вознемирува“, но дека не планира да си замине од француската престолнина.
Донарума пристигна во Париз како слободен играч по истекот на договорот со Милан, и оттогаш тренерот Маурисио Почетино ги ротира него и костариканскиот ветеран Навас.
„Тоа нема влијание на моите перформанси, но ме вознемирува. Не е лесно, бидејќи навикнат сум постојано да сум стартер и понекогаш не е убаво да си на клупата. Но, сигурен сум дека работите ќе се средат во иднина. Среќен сум во ПСЖ и се смеам кога ги читам сите глупости за мене“, вели Донарума, кој има 5 старта во Лига 1, додека Навас девет пати беше на голот, иако и двајцата имаат по два старта во Лигата на шампионите.