Top Sport

Абрахам: Мурињо ме научи да бидам „ѕвер“

Поранешниот напаѓач на Челси, вели дека под Жозе Мурињо во Рома научил да биде „ѕвер“ и далеку поагресивен во својата игра.

Мурињо подолго време го убедуваше Абрахам да дојде на „Олимпико“, и 24-годишниот Англичанец, откако не успеа да биде стандарден првотимец во Челси, реши да се обиде во Серија А.

„Што ме научи Мурињо? Да бидам ‘ѕвер’! Мислам дека една од работите кои ми ги кажа е дека сум премногу фин како напаѓач и дека треба да ја вратам агресивноста. Не треба да си фин на теренот, потребен е карактер, присуство да ги исплашиш дефанзивците и го учам тоа“, вели Абрахам.

Тој има 6 гола и 2 асистенции во првите 17 меча за Рома, по што беше повикан во англиската репрезентација, и влезе како замена на мечот со Албанија.

„Тешко е да се преселиш и да одиш во друга земја со поинаква култура. Но, така ја научив разликата во фудбалот и поинаквите стилови игра. Сакам да играм фудбал, а сакам и да бидам дел од Светското првенство“, додава Абрахам.

Scroll to Top