Макс Ферстапен признава дека сметал да оди на победа на Бразилското ГП, но признава дека на крајот се задоволил со „намалување на штетата“ по поразот од супериорниот Луис Хамилтон, со што неговата предност во генерален пласман падна на 14 поени на три трки пред крајот.
Ферстапен го помина Валтери Ботас на стартот, но едноставно немаше одговор на Хамилтон, кој од 10. место на стартот ја уништи конкуренцијата и на крајот го претекна Холанѓанецот.
„Се обидовме со сите сили денеска, секако. Битката беше забавна, но на крајот ни недостасуваше брзина. Имаме добра предност во поени, така што овој викенд требаше да ја намалиме штетата. Сигурен сум дека ќе се вратиме посилни во следните трки“, изјави Ферстапен.
Хамилтон, пак, призна дека ова бил најтешкиот викенд за него и беше изненаден колку бргу ја намалија предноста која Ферстапен ја имаше само пред две недели во Мексико.
„Каква трка! Тимот заврши неверојатна работа, и одев до максимум, а со последното место вчера и со казната, ова беше најтешкиот викенд кој го имав. Но, се потсетив на мојот татко во 2004, кога во Ф3 трка во Бахреин стартував од последното место и победив, и оваа победа е за него. Не верував дека можеме да ја намалиме нивната предност како овој викенд. Работите беа против нас, но не се предадовме“, вели Хамилтон.