Дин Смит и официјално е именуван за менаџер на Норич. Смит, кој беше без работа само една недела, на клупата на „канаринците“, го наследи Даниел Фарке.
Смит, на 7.ноември доби отказ во Астон Вила, поради лошиот старт во новата сезона. Една недела подоцна тој го стави својот потпис на две и пол годишниот договор со Норич. Смит, три сезони беше менаџер на Астон Вила.
Норич остана без менаџер, во исто време кога Смит доби отказ во Астон Вила. Фарке си поднесе оставка откако „канаринците“ ја забележаа првата победа во сезоната.
Норич сезонава ќе води жестока битка за опстанок во Премиер лигата. По 11.кола, Норич и Њукасл имаат само пет бода, на последните две места.