Top Sport

„Ферстапен мораше да добие казна. Дипломатијата заврши со трката во Бразил“

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, не е задоволен од одлуките што ги носеле од дирекцијата на трката во Бразил. Волф истакнал дека Мерцедес „примил премногу удари в лице“.

Хамилтон беше дисквалификуван во квалификациите за спринт трката. Започна последен, спринтот го заврши на петтотот место. Бидејќи го смени моторот пред трката во Бразил, тој трката ја започна од 10.место.

На крајот Хамилтон забележа супериорна победа, вкупно 101. во кариерата.

Трката ја обележа инцидентот во 48 круг, кога Хамилтон се обиде да помина крај во тој момент водечкиот Ферстапен. На крајот двајцата завршија надвор од патеката. Дирекцијата на трката реши да не го истражува овој инцидент.

„Овој викенд примивме многу удари в лице. Тие одлуки може да одат и за нас, но и против нас. Лут сум поради тоа. Ќе го бранам тимот, возачите. Секогаш инсистирав дипломатски да разговараме за вакви работи, тоа заврши со оваа трка“, рекол Волф.

„Викендов сите одлуки ги носеа против нас. Не дисквалификуваа поради проблемот со задното крило, кое не можевме ниту да го погледнеме. А потоа видовме дека Ред Бул три пати врши поправки на задното крило и тоа во просторот каде што болидите никој не смее да ги допре. Сето тоа им помина без последици. Кулминацијата се случи во трката…Па каква беше таа одбрана на Макс. Одеше преку сите граници, мораше да биде казнет, барем пет секунди. И Макс го знаеше тоа. Смешно е“.

Во пресрет на последните три трки во сезоната, Ферстапен има 14 поени повеќе од Хамилтон. Наредниот викенд Ф1 ќе се вози во Катар.

Scroll to Top