Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ имаше совршен старт на неговиот 14. настап на АТП финалето во Торино, откако во првиот меч од Зелената група со 7:6(4)/6:2 го совлада Норвежанецот Каспер Руд за негова 37. победа на завршните турнири.
На Ѓоковиќ му беа потребни час и половина да стигне до неверојатната 49. победа во 2021 година, откако на стартот на мечот губеше со 0:2, но се врати за да пропушти сет-топка при 5:4, пред да го добие сетот во тај-брејк. Во вториот сет, Ѓоковиќ веднаш направи брејк, и го крена нивото на игра за да поведе на 4:1 и да го комплетира мечот.
Во вториот, вечерашен меч, Гркот Стефанос Циципас се судира со Русинот Андреј Рубљов.