Top Sport

Дал Пино: Милан и Интер се Ф1, Њукасл е мини-автомобил!

Претседателот на Лега Серија А, Паоло дал Пино се најде навреден од изјавата на новата директорка на Њукасл, Аманда Стевели, која претходно изјави дека Саудискиот инвестициски фонд (ПИФ) бил заинтересиран да ги купи Интер и Милан, но дека поради „хаосот“ во италијанскиот фудбал се откажале од таква ситуација.

„Ако Аманда Стевели повеќе сака да инвестира во Њукасл отколку во Интер и Милан, очигледно сака мини-автомобили наместо Формула 1. Ние имаме осум странски инвеститори, седум американски и еден кинески кои веруваат во Серија А и во растот на лигата“, изјави Дал Пино за „Калчомеркато“.

Интер е во сопственост на кинеската „Сунинг“ групација додека Милан, Фиорентина, Рома, Џенова, Болоња, Специја и Венеција се во американска сопственост.

Стевели: ПИФ го сакаше Интер, но италијанската лига е катастрофа

Scroll to Top