Top Sport

Митровиќ го „истрола“ Роналдо со кока-колата!

Александар Митровиќ, освен што ја однесе Србија на Мундијалот во Катар, направи одмазда за „Кока-кола“, откако се појави по славната победа во Португалија со лименка од пијалокот, кој секако, не е омилен на Кристијано Роналдо.

Роналдо претходно изјави дека мрази што неговиот син сака газирани пијалоци, а летото стана хит, откако помести две шишиња „Кока-кола“ на ЕУРО 2020 на прес-конференција, порачувајќи да се пие вода. Тогаш, компанијата наводно загуби 5.2 милијарди долари од нивната вредност на берзите, а сега Митровиќ ги „одмазди“.

Роналдо не сака „Кока кола“: Пијте вода!

Scroll to Top