Русинот Андреј Рубљев, во вистинско време ја врати својата форма, победувајќи го Стефанос Циципас со 6:4/6:4 во нивиот прв меч од Златната група на АТП финалето во Торино, израмнувајќи се со Новак Ѓоковиќ, кој претходно беше подобар од Каспер Руд.
Рубљев пристигна во Италија со пет порази во последните седум меча, но против Циципас беше доминантен и во ниту еден момент не му се закануваше брејк-топка завршувајќи го мечот по час и 30 минути игра.
Русинот освои 90 отсто (36-од-40) од поените на прв сервис, не дозволувајќи му на Циципас простор за искористување на грешките и му се одмазди на грчкиот тенисер за минатогодишниот пораз на АТП финалето.