И Хрватска и Србија обезбедија директен пласман на СП што следната година ќе се одржи во Катар. Се надеваме дека и Македонија ќе им се придружи како трета земја од Балканот на Мундијалот.
Легендарниот хрватски фудбалски тренер, Мирослав Ќиро Блажевиќ за српските медиуми го прогнозираше пласманот на двете пласирани селекции во Катар.
„Време беше Србија да се најде на едно големо натпреварување. Тоа што го направивте е спектакуларно, ретко видено во светот на фудбалот. Таков пресврт. Среќен сум. Јас отсекогаш зборував дека нашето поднебје дава најталентирани играчи. Сега тоа се потврдува. Србија и Хрватска се на најголемото спортско натпреварување. Доста ни е од Шпанци, Италијанци, Германци и останати стандардни фаворити. Време и ние малку да се измешаме во врвот“ вели Блажевиќ.
Тој се надева на дуел Србија – Хрватска во Катар.
„Среќен сум што секогаш го користам спортот за помирување на луѓето. Тоа само спортот го може. Би било тоа сензационален меч, дај боже да играме во полуфинале или финале“ смета легендарниот тренер.
Блажевиќ вели дека голем дел од заслугите одат за селекторот Стојковиќ.
„Најважниот човек за една фудбалска селекција е селекторот. Тој може се да промени и се за зезне. Пикси има совршена играчка кариера, тоа е отскочна даска. Имам авторитет кој сам го створил. Тој е специфичен, на витешко-воените мечеви повлекува вистински потези. Браво Пикси, браво Србијо“ изјави Ќиро Блажевиќ за српските медиуми.